Над 300 дечиња дел од првата Божиќна литија во Берово

Во Берово организирана првата Божиќна литија во која учество зедоа над 300 дечиња од овој град.  Пеејки во еден глас и славејќи го Христовото раѓање со стиховите од песната ,,Вечниот бог”, намјалите поворката ја започнаа од градската црква, упатувајки се во правец до железара ,,Орбис,, потоа продолжувајки кон ,,Здравствен дом” Берово и Полициската  станица, за на крај да се вратат до градската црква.

-Глетката и звуците низ улиците во Берово, како резултат на денешниот настан беа вистински рај за очите, но и за душата. Со задоволство, бев дел, од овој прекрасрен настан. Благодарност до организаторите кои го започнаа настанот кој се надевам ќе прерасне во традиција, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој го проследи настанот.

Поздравувајки го настанот, на граѓаните на Берово им го честиташе Божик, посакувајки им многу здравје и среќа во Новата 2022 година.

По завршувањето на Божиќната литија најмалите од страна на организаторите добија пакетчиња.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*