Одржан Божиќниот концерт во Делчево

Во Делчево се одржа првиот Божиќен концерт, на кој свој настап имаа млади таленти во класата на професор Елена Трајанова. Организатор на концертот беше Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” чиј директор Методи Толевски истакна дека настанот ги оправдал очекувањата, што се потврдило според бројот на присутни во киносалата во Делчево.

-Најпрвин да им ги честитам Новогодишните и Божиќните празници на сите граѓани. Ние знаевме дека местата во киносалата ќе бидат целосно исполнети, се разбира онолку колку дозволуваат протоколите за заштита од Ковид-19. Навистина концертот ги оправда машите очекувања и се надевам дека во наредните години ќе имаме Новогодишен концерт, ќе имаме Божиќен концерт, Велигденски концерт, со еден збор настани за позначајните верски и државни празници, рече Толевски.

Концертот како што додаде проф. Елена Трајанова поради пандемијата подолг период бил одложуван.

-Настапот го спремавме подолго време, бидејки пандемијата не спречи во тоа. Јас навистина сум презадоволна од тоа како поминавме, гостите и присутните исто така се гледа дека беа презадоволни што ни дава за право да се надеваме дека во скоро време ќе ги израдуваме со нешто ново, рече Трајанова.

Во рамки на концертот младите таленти под водство на нивната професорка се претставија со изведба на пијано, солистички точки, а концертот го завршија со заеднички хорски настап со изведба на најголемите светски хитови од 90-тите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*