Утврдено присуство на Африканска свинска чума во одгледувалиште во делчевското село Драмче

Во одгледувалиште во делчевското село Драмче, Агенцијата за храна и ветеринарство по претходно преземени контролни мерки утврди присуство на Африканска свинска чума. Веста ја соопштија од Ловното здружение ,,М.Каменица – Саса” кои по итна постапка воведуваат забрана за лов на ловиштето бр.5 во Вртиславци:

-Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение М.Каменица- Саса од Македонска Каменица дека на ловиштето бр.5 во Вратиславци заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче, стои во објавата на ЛЗ ,,Каменица Саса”.

Слично соопштение до своето членство упатија и од Ловното друштво Острец од Делчево:

-Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение Острец Делчево дека заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче.

Во прилог на објавата од каменичкото здружение и делчевското Ловно друштво го споделија Решението во кое Агенцијата за храна и ветеринарство ги наведува потребните мерки за заштита кои треба да бидат преземени, а кои ги објавуваме во прилог:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*