
Објава на ЛЗ ,,Каменица Саса”:
Почитувани колеги ловци сакаме да ве ИЗВЕСТИМЕ дека дневните дозволи за лов на 09.01.2022 година кои ви се издадени во среда ИСТИТЕ НЕ СЕ ВАЖЕЧКИ, поголем дел се вратени кај Ловочуварската служба.
Утрешниот ден ќе има засилена контрола од Ловочуврската служба, полицијата-МВР како и други надлежни институции во врска со спречување на ширењето на африканската чума кај свињите.
Контакатирајте ги и известете ги и вашите колеги ловци кои не се корисници на социјални мрежи иако веќе ние како концесионери се погриживме поголем дел да ги инсконтактираме и известиме на соодветен начин.
Да се надеваме со коректно и одговорно почитување на препораките од надлежните институции ќе придонесеме ова што побрзо да го надминеме и да се вратиме на ловните терени и на тамошната дружба.
Со ловечки поздрав.
Ловно Друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА”
Македонска Каменица.

Leave a Reply