Планинари на ПСК ,,Голак” го искачија врвот Руен

Објава на Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК ,,Голак” :

Вчера, ПСК ГОЛАК Делчево, со наши членови од Македонија и Софија (Бугарија), како и претходните години заеднички го искачивме врвот РУЕН 2252 м.н.в. на ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ.
ЕКСТРЕМНИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ со многу густа магла почнувајќи од 1900 м.н.в. – 2252 м.н.в. (видливост 10 метри) како и силниот ветар од 70-100 км/час,правеа да се чувствува над -10 целзиусови степени,ако се додаде и паѓањето на замрзнатиот снег право во лицето,нефункционирањето на електронските уреди,замрзнат снег,навистина едни тешки услови за движење,поради што моравме да се ослониме само на планинарското искуство и заради безбедност на сите,да ја промениме маршутата на движење.
Почеток беше кај горниот рудник САСА 1550 м.н.в. – ТРАКАТО БРДО 1900 м.н.в. – ВРВ РУЕН 2252 м.н.в. – МАЛ РУЕН 2205 м.н.в.- (Општина М.КАМЕНИЦА – Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА) рудник ТОРАНИЦА 1450 м.н.в. (Општина КР.ПАЛАНКА – Област СЛАВИШТЕ (КРИВОПАЛАНЕЧКА) во вкупна должина од 16 км.

Искачувањето до врвот РУЕН 2252 м.н.в. беше во ред,иако во тешки услови,но сеуште функционираа електронските уреди,додека на слегување поради влошување на временските услови,решивме да одиме по друга патека,додека помеѓу врв МАЛ РУЕН 2252 м.н.в. и врв СОКОЛ 2038 м.н.в. заради безбедност моравме да отидеме на десна страна и да слеземе што е можно на ниска надморска висина односно до рудник ТОРАНИЦА 1450 каде веќе немаше проблем со временските услови.Од таму со организиран превоз се вративме кон КРИВА ПАЛАНКА,а од таму назад во село САСА за да си земеме автомобилите и да се вратиме дома.

Планинарска тура во тешки временски услови,но сепак со многу адреналин и позитивна енергија.

За нас како ПСК ГОЛАК Делчево,е многу важен врв РУЕН 2252 м.н.в. бидејќи од овде започнува северната страна на нашата област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*