,,Сатирична ризница” – ново афористично дело од Миле Ѓорѓијоски

Познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски го збогати својот опус за уште едно дело. ,,Сатирична ризница” е називот на неговата нова книга со одбрани афоризми за која рецензентите ќе речат дека е вистинска ризница со над 1000 афоризми.

Во продолжение дел од рецензиите за ова дело:

РАСКОШНИ САТИРИЧНИ ФИЛИГРАНИ
Кон творештвото на Миле Ѓорѓијоски

Фактот дека за извонредно обемното и значајно сатирично дело на Миле Ѓорѓијоски сѐ уште не постои соодветна критичка рецепција во македонската кни-жевна критика се должи, колку на неправичноста во вреднувањето на овој жанр во рамките на современата македонска литература, толку и на неколкудецениско-то опаѓање на интересот за институцијата книжевен критичар во современото книжевно творештво кај нас, а дополнително и на локациските и социолошките фактори кои, особено последниве три децении, не одат во прилог на авторите кои творат надвор од поголе-мите културни центри, а пред сѐ од Скопје.

Веднаш да подвлечам, независно од пионерските и тестаментални заслуги на Софе Штерјоски, како и на Иван Карадак и Живко Павлов, и уште неколкумина други кои, со своето творештво, се вградија себеси во пантеонот на македонската сатира на дваесеттиот век, Миле Ѓорѓијоски е веќе најзначајното име во истори-јата на македонската сатира, авторот кој не само што го сочува, туку и дополнително го надгради претходно веќе достигнатото, достоинствено ниво на современа-та македонска сатира и, пред сѐ, афористика.

Со сво-ите над дваесетина објавени книжевни наслови, со по-веќето објавени избори и алманаси на балканската и европската афористика на македонски јазик, како и со големиот број организирани домашни фестивали и, особено, бројните гостувања и награди добиени на многу престижни меѓународни фестивали, неспорно е дека, во моментов, Миле Ѓорѓијоски е нашиот најпло-ден и најзначаен автор во овој убав и благороден кни-жевен жанр.

Неговите илјадници објавени афоризми се одли-куваат со префинета и суптилна смисла за хумор, кон-цизност на изразот и многуслојност и универзалност на уметничките пораки. Се работи за автор со неверо-јатна тематска разновидност, со истенчено чувство за естетска префинетост, независно дали е тоа во сфера-та на, кај нас традиционално најприсутниот, политич-ки афоризам, човековиот карактер или менталитет, еротските афоризми или духовити мисли за машко-женските односи или пак, да речеме, на полето на детскиот афоризам, во сите овие тематски области не-говите бравурозни зборовни минијатури наликуваат на вистински и раскошни сатирични филиграни, кои ќе го насмеат читателот, ќе го подзамислат и ќе му ги от-ворат духовните „чакри“, подзатворени, можеби ве-ќе и подзаборавени во ова сѐ уште транзициско време-невреме во кое живееме.

Оваа книга, подготвена пригодно, во чест на не-говиот 65-ти роденден, е грижливо подготвен Избор од неговото досегашно богато сатирично творештво, вистинска „Афористичка ризница“, читателски праз-ник за сите најпробирливи љубители на овој најкус и најблагороден книжевен жанр кои, веруваме, и во ид-нина ќе имаат уште многу пријатни нови средби и уживања во идните дела што нестрпливо и со задо-волство ќе ги очекуваме од книжевната „филигранска работилница“ на нашиот најистакнат „мајстор“ на убавиот сатиричен збор, Миле Ѓорѓијоски.

Витомир ДОЛИНСКИ

ТРАГАЧ ПО ПАРАДОКСИ

При средбата со афоризмот, моментот на осоз-навање на целата мудрост содржана во само една ре-ченица, е токму тој кога човек станува зависен од не-говото консумирање.

Токму секојдневното консумирање на афориз-мот, во последните пет години, ми даде идеја за книга со избор од целкупното издадено (во областа на афо-ризмот) творештво на нашиот во моментов најпознат сатиричар Миле Ѓорѓијоски.

Можноста да „ѕирнам“ во светот на афористи-чарите, и да гледам на секојдневието, преку нивната перцепција, сè до најситните фалинки на општеството соголено до самата срж, ми ја долови сета убавина на овој жанр, неправедно запоставен, барем кај нас.

Изборот всушност е книжевна биографија на ав-торот, кој живее со и во неговиот афоризам, па колку е големо задоволството, уште поголема е одговорноста при подготовката.

Неговото животно искуство може да се „прочи-та“ во неговите афоризми кои го носат белегот на вре-мето, период од четириесетина години неуморно тво-рење, како и во многубројните награди, организирање и настапи на фестивали во и надвор од земјата.

Неговите книги со афоризми, како и многуте подготвени антологии и зборници на балканскиот и светскиот афоризам, во многу допринесуваат за афирмацијата на афоризмот кај нас и пошироко, и ни даваат за право да го наречеме неуморен „Трагач по парадокси“.

Идеалниот спој на филозофијата и литературата, секогаш резултира со добар афоризам. Кај Ѓорѓијоски многу често, таквиот спој создава антологиски афо-ризми.

Сум била очевидец кога обичниот човек цитира афоризми од Миле Ѓорѓијоски, слушнати на некој од неговите многубројни настапи или прочитан во днев-ните весници.

За да се постигне сето тоа потребно е големо ис-куство, трпение, прочистен дух, што авторот несом-нено го градел сите овие години.
Не случајно овој избор е скромно одбележување на неговиот шеесет и петти роденден. Велам, скромно, затоа што овој избор е само мал дел од целокупното негово творештво во областа на сатирата.

Детските драми, комедиите (од кои голем дел се создадени и поставени на сцена во времето кога тој го формира и раководи со Експерименталното театарче во Делчево), сатиричните приказни и коментари, епи-грамите и сатирична поезија, хуморески, скечеви го прават еден од врвните сатиричари на нашето време.

Сатирична ризница претставува избор од пре-красното ткаење на зборот и мислата, најдоброто од целокупното долгогодишно творење на авторот. Из-борот е направен од сите негови книги афоризми.

Вистинска ризница од околу илјада и стотина афо-ризми, што опфаќаат широк спектар на теми од секој-дневниот живот на децата и возрасните, спортот, политиката, љубовта, машко-женските односи…, раз-новрсност која секогаш нуди можности за избор.

Христина Деолска

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*