Делчево повторно на агендата на Балканските ,,ретро-кар” собири

Делчево повторно на агендата на Балканските ,,ретро-кар” собири и тоа благодарение на Лоренцо Трајановски, претседател на здружението ,,King’s of the road’s” кој издејствува нашиот град повторно да се најде на агендата на Балканските ,,ретро-кар” собири за 2022 година.

Во календарот на настани од ваков тип кој неодамна беше објавен од страна на Ретро-кар клуб ,,Пирин” од Благоевград, покрај Делчево кој е единствен град во Македонија, се наоѓаат и градовите Ниш и Врање од Србија и повеќе градови од Бугарија.

Ретро-кар собирот годинава е планиран да се одржи на 17 април 2022 година, настан кој се организира 6-та година во Делчево.

Овој настан од самите негови почетоци предизвика голем интерес меѓу сопствениците на стари автомобили како од Македонија, така и од странство.

Во изминатите изданија бевме сведоци на прекрасни дефилеа со учесници од повеќе земји на Балканот, меѓу кои Бугарија Србија и Грција.

Од самиот зачеток на настанот се поголем број на млади се заинтересираа да научат нешто повеќе за олд-тајмерите, а како минуваа годините дел од нив купуваа стари автомобили, притоа доведувајки ги во перфектна состојба, како што е оваа Фолксваген Буба на делчевецот Ферки Сакс:

За пасијата на Претседателот на клубот ,,King’s of the road’s сме пишувале многу пати, исто како и за неговиот музеј на олдтајмери. Она што тој го подготвува за новиот ретро-кар собир е неговиот нов миленик, кој како што може да видиме на фотографиите изгледа прекрасно:

Претходно исто така пишувавме и за ,,миленичето” на Никица од Делчево, кое замина за Луксембург и би било вистинска атракција за настанот кој претстои:

Лоренцо неодамна покажа дека покрај тоа што е најголем промотор на Делчево со ваквите настани, е и вистински менаџер, па така искористувајки ги познанствата со љубители на олдтајмери од Словенија, успеа да обезбеди противпожарно возило за потребите на ТППЕ Делчево, каде долги години работи како пожарникар.

Да не заборавиме и на сите останати членови на Здружението, без кои настанот не би бил тоа што е.

Ова засега нека биде првична најава за Ретро-кар шоуто закажано напролет, а за секоја нова интересна информација, Лоренцо ни вети дека ќе не информира благовремено.

Имајки ги во предвид неговите познанства со вљубеници во олдтајмерите од просторите на поранешна Југославија, Балканот и пошироко, не се сомневаме дека годинава повторно ќе го промовира Делчево во најубаво светло.

Во продолжение неколку видеа од поранешните Ретро кар собири :

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*