Традиционална рибарска средба на Калиманско езеро

Спортските риболовци од Македонска Каменица по пауза од една година се собраа на традиционалната рибарска средба организирана од страна на Спортско-риболовното друштво „Шаран“. Целта покрај заедничката дружба, како што истакна претседателот на ЗРСК „Шаран“ е и дефинирање на понатамошните активности на друштвото.

-Традиционално веќе неколку години, со исклучок на минатата година поради мерките за заштита од Ковид-19, ние рибарите се собираме на една заедничка дружба на која покрај рибари од М.Каменица,  имаме и гости од соседните градови. Значи овде сме да се извидиме, подружиме, „исполажеме“, да дадеме идеи за понатаму и искрено се надевам оваа традиција ќе остане како симбол за рибарите од нашата општина, рече Стоименовски.

Езерото е пребогато со риба, а најголемиот примерок кој е забележан во езерото според риболовците тежи 200 килограми. Езерото освен со сом е богато и со крап, бојник, караш, белвица и други примероци, а рекордот за најтежок улов како што додаваат рибиловците е 76 килограми кој е дело на делчевецот Ванчо Стојмирски.

-Со риболов се занимавам од 10 години и најголемиот улов ми е до 3,4 килограми. Има риба во езерото ама јас повеќе ловам риба по реката. Со овдешните риболовци се дружиме често од март до декември, вели Груица Јованов од М.Каменица.

Во рамки на своите активности Спортско-риболовното друштво „Шаран“ во изминатата година има порибено 2,8 тони риба, од кои како што истакнаа дел се обврска на друштвото согласно договорот за концесија со Министерството за земјоделие и Владата, а дел донација од Рудник Саса

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*