Во Делчево и М.Каменица во среда ќе се фрла Чесниот Крст во Брегалница и Каменичка Река

Во Делчево и Македонска Каменица во тек пријавувањето на кандидатите кои годинава ќе учествуваат во фрлањето на чесниот крст во водите на река Брегалница и Каменичка река  како дел од традицијата за православниот празник Богојавление Водици.

Од црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево и М.Каменица информираат дека церемонијата закажана за 19 јануари ќе започне со утринска литургија.

-Активностите предвидени за големиот христијански празник Богојавление – Водици на 19 јануари 2022 година (среда) ќе започнат со Светата литургија со почеток во08:00 часот. Во 10:00 часот е големиот Богојавленски Водосвет, додека спуштањето на светиот и животворен крст во Брегалница и Каменичка Река ќе започне во 11:00 часот, информираа од свештенството.

Сите оние кои се заинтересирани да скокаат по крстот, како што додадоа потребно е задолжително да се пријават кај парохиските свештеници при храм св.Успение на Пресвета Богородица.

За учесниците и оваа година најавени се награди од општина Делчево и компанијата Зегин. Апелираа за време на настанот кој се одржува по пауза од една година, да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*