Саем на книги на ,,Сакам книги” утре во Берово

Во организација на Домот на култура ,,Димитар Беровски” утре во Берово ќе се одржи Саем на книги од издавачката куќа ,,Сакам книги”.

-Саемот е закажан за 18 јануари 2022 година (вторник), а во рамки на истиот издавачката куќа „Сакам книги“ ќе изложи свој избор на книги, истакнаа од беровскиот Дом на култура.Упатија покана до љубителите на книгата да го посетат саемот и да го одберат саканото издание.

-Саемот на книги ќе биде отворен од 9 до 18 часот. Изборот ќе биде голем и затоа ова нека биде отворена покана до сите вљубеници на книгата да присуствуваат на истиот, додадоа од ДК ,,Димитар Беровски”.

Освен во Берово, издавачката куќа ,,Сакам книги” саем на книги ќе одржи и на 22 јануари во Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*