Се санираат оштетените сообраќајни знаци во Делчево

Во тек санација на оштетените сообраќајни знаци на градските улици во Делчево. Активноста ја реализираат стручни надлежни служби од Општина Делчево, кои информираа дека  акцијата се реализира со поддршка на екипи од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

-Од увидот на теренот извршен претходниот период, беше утврдено оштетување на поголем дел од вертикалната сигнализација, каде на дел од сообраќајните знаци се отстранети спојниците и тие се искривени, дел се откорнати, а дел се излепени со огласи, реклами или исцртани со текст и боја и слично, информираа од Општината.Оттаму апелираа до граѓаните да пријават било какво уништување и отстранување на вертикалната сообраќајната сигнализација.

-Со уништување на истата директно се влијае на создавање на потенцијално опасна ситуација во сообраќајот, која би можела да резултира со сообраќајни незгоди со одредени последици и значително загрозување на сообраќајната безбедност, додадоа од Општината. 

Акцијата за санирање на оштетената вертикална сигнализација, поставена на територијата на градот Делчево е дел од редовното работење, на стручните надлежни служби при Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*