Во М.Каменица презентирани активности за превенирање на последиците од загадувањето на Калиманско Езеро

Невладината организација „Валхала Фин“ во Македонска Каменица ги презентираше активностите за превенирање на последиците од еколошката катастрофа која му се случи на Калиманско Езеро од надојдениот отпад и поплавите кои го зафатија Пијанечкиот регион на крајот на 2021 година. Меѓу активностите кои на вечерашниот состанок ги предложија од оваа невладина организација е мапирањето на дивите депонии и воведувањето поригорозни мерки за загадувачите на природата во близина на речните корита.

-Веќе неколку години не затекнуваат такви поплави и кога има такви дождови дивите депонии покрај реката Брегалница стигнуваат до нашето езеро. Се надеваме дека во иднина тие диви депонии ќе бидат мапирани, а очекуваме и воведување построги мерки и казни за сторителите, кажа Влатко Ристовски, член на каменичката невладина организација.

Поставувањето повеќе контејнери за собирање на отпадот во селските средини го напомена како приоритет, а истовремено најави проект за искористување на отпадните стаклени шишиња кои неодамна од езерото.

-Овие шишиња планираме да ги искористиме на тој начин што ќе правиме градби со дизајн од стаклени шишиња, во кои ќе се складира енергија. Светлината и енергијата ќе можеме да ги користиме за затоплување на самата градба, која ќе послужи како еден вид студио за сликање, цртање и други младински активности, додаде Ристовски.

За раководителот на службата за заштита на животната средина во рудникот Саса, Марија Стојановска, предлозите за решавање на проблемот со загадувањето на езерото Калиманци се прифатливи, напоменувајки дека истите заслужуваат поддршка од менаџментот на рудникот.

-Рудникот Саса ќе продолжи со поддржување на активностите од локалното население и сите предложени активности од оваа невладина организација ќе бидат предложени до нашиот менеџммент. Се надеваме дека како и досега рудникот ќе продолжи со поддршка на локалните активисти, рече Стојановска. 

Од Невладината организација „Валхала Фин“ најавија дека ќе продолжат со реализирањето на вакви и слични иницијативи за поубав град и почиста животна средина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*