Во Делчевско привршува постапката за утврдување на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи

Во Делчевско привршува постапката за  утврдување на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи во радиус од 10 километри од местото каде што првично се појави африканската свинска чума. 

Очекувањата на регионалниот инспектор Ванчо Новоселски се по вонредниот попис кој треба да заврши утре, првичната бројка од 740 да се зголеми на 1.000 свињи на оваа територија. 

Следниот чекор по завршувањето на пописот е вршење клинички прегледи и тестирања на свињите, кои по 24 до 48 часа треба да покажат дали има присуство на африканска свинска чума. Доколку резултатите се позитивни свињите ќе се уништуваат во специјална јама, а ако резултатите се негативни ќе бидат транспортирани во кланици.   

Во радиусот од 10 километри, покрај делчевските села, опфатени се и селата Костин Дол, Моштица, Вртиславци, Тодоровци, како и самото населено место Македонска Каменица, како и виничкото село Калиманци.  

Освен во Делчевско, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, пописот на свињи паралелно се одвива и на територија на целата држава. Во Пијанечкиот регион досега нема сомнителен или потврден случај на оваа заразна болест кај свињите, чие одгледување е примарен бизнис за 11.000 семејства и тежи 180 милиони евра.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*