Парична награда за малата Јована која е првородено бебе во 2022 година

Првороденото новороденче во 2022 година во Општина Делчево е малата Јована Димитровска која на денот на нејзиниот именден, го доби традиционалниот подарок од Општина Делчево, еднократен паричен износ од 10 илјади ден. Јована е родена на 4 јануари на скопските клиники, тешка е 3,5 килограми и е второ дете на делчевците Дејан и Катерина Димитровски.

Делчево се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, истакна градоначалникот Горан Трајковски кој денес го посети ова семејство, честитајки им ја радоста на родителите и посакувајки им многу љубов и многу дечиња кои ќеим го развеселуваат домот.

-Ми претставува посебно задоволство што денеска на овој убав празник, кога се слави св. Јован Крстител, го посетивме домот на првото новородено во Делчево за 2022 година, кое го носи името Јована. Воедно, на малата Јована ѝ го честитавме именденот, но испраќаме и желби, да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радост и гордост на семејството, но и на општината, истакна Трајковски. 

Првороденото во годината како што додаде е предвесник на новата генерација дечиња кои се иднина на општината.

Општина Делчево годинава дарува 10.000 денари на првороденото новороденче во годината чии родители живеат во Делчево. Исто така, како една од социјалните мерки која значи поддршка на родителите кои добиле новороденче Општина Делчево исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош.

Минатата година по оваа основа се исплатени 262.999 денари за 85 новороденчиња во Општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*