Васко Панчовски освоената награда за Водици ја донираше на седумчлено семејство од делчевското село Стамер

Делчевецот Васко Панчовски кој го извади светиот крст од водите на река Брегалница за празникот Водици уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Како што претходно најави, денес тој ја донираше машината за перење алишта на седумчлено семјство од делчевското село Стамер.

-По дводневна консултација со моите другари, решивме наградата да ја доделиме на седумчлено семејство со три дечиња од селото Стамер. Одлучивме дека тие имаат најмногу потреба од овој апарат за домаќинство, за што им посакуваме со среќа да го користат, рече Панчовски. 

Заблагодарувајки се на Васко и неговите другари, најстариот член во семесјтвото Станко Величков истакна дека наградата е добредојдена, бидејки тој 20 години бил без никакви приходи, а со неговата сопруга живеат со земјоделска пензија од 9000 денари, рече Величков.

Видливо беше задоволството и кај најмалите членови во семејството Величкови, Марија, Александар и Софија кои како добро воспитани одлични ученици од срце им се заблагодарија на Васко и неговите другари.

Васко Панчовски од своите 10 учества на Водици, 3 пати го има извадено крстот од водите на река Брегалница, а притоа двапати ја има донирано освоената главна награда од спонзорот Зегин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*