Парична награда за првороденото бебе за 2022 година во Пехчево

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански,  денес го посети првото новородено бебе во 2022 година во Пехчево, кое е девојче и тежи 3.300 грама, а долго е 50 сантиметри.

Седмиот ден од новата година весел и бериќетен беше за семејството Андоновски, каде се роди Каја, второто дете на Александар и Марјана, а првото во Пехчево за 2022 година.

Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 4.000 денари за новородено дете.

-Ова е одличен почеток во насока на зголемувањето на наталитетот во Пехчево кој бележи пад. Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на Каја да биде здрава, жива, весела, радоста да ја следи во текот на целиот живот, успесите и достигнувањата да не ја одминат во текот на целиот живот – истакна градоначалникот Александар Китански.

Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојата ќеркичка. Сепак ова ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави родилката Марјана.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*