
Во Берово градоначалникот Пекевски оствари средба со евалуаторот на Ромактед програмата, Heidrun Ferrari кој е ангажиран од од Совет на Европа, во Берово, за мониторинг на активностите кои се реализирани во рамки на РОМАКТЕД Програмата.
-Целта на средбата беше евалуација на спроведените активности во рамките на програмата, исполнување на целите на програмата и можностите за унапредување, согласно потребите на локалната заедница.
Покрај средбата во мојот кабинет, се одржаа средби и со претставниците на институционалната работна група и локалната акциска група од ромската заедница, на кои се разговараше за реализацијата на Програмата Ромаактед и се договараа следните чекори, истакна Пекевски на фејсбук.
На средбите, како што додаде било потенцирано справувањето со пандемијата од Ковид 19 и влијанието врз локалната заедница.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-2024, е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.
Leave a Reply