Делчевскиот совет ги симна од Дневен ред предлозите за нови комунални давачки

Симнати од дневен ред двете одлуки со кои беше предвидено воведување паричен надоместок за одржување паркови и јавно зеленило, како и одлука за давање согласност за управување и одржување на градските гробишта во Делчево. За точките кои на петтата седница на делчевскиот Совет беа предложени од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ не се дискутираше, со образложение дека за предвидените одлуки немало комисиска расправа, а со цел транспарентно да се изнесат потребните факти за носење на истите.

Како што истакнаа од Советничката група на СДСМ на носењето на одлуките, во наредниот период ќе претходи расправа на соодветната Комисија, а предлогот беше прифатен и од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои вчера одржаа прес на оваа тема. 

Во рамки на петтата Седница беше усвоен третиот квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Делчево, согласно кој како што истакна во своето образложение  Шабан Багашов, раководител на одделението за финансии, капиталните расходи во основниот Буџет на Општина Делчево изнесуваат 87,2 проценти од планираните. 

-Од вкупно планирани капитални расходи за 2021 година во износ од 52,6 милиони денари се реализирани 45,5 милиони денари, додека од вкупно планираните приходи реализирани се 290 милиони денари или 92 проценти, додека од вкупно планираните расходи во 2021 г. се реализирани 286,1 милиони денари или 90,76 проценти рече Багашов. 

На почетокот на Седницата по оставката на советникот Кристи Стојковски, беше верификуван мандатот на советничката Ели Ризова-Ангеловска од Делчево, кандидат од листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, која од денеска е нов советник во Советот на Општина Делчево.

Во рамки на 5-тата Седница на Советот беа усвоени повеќе одлуки, за кои подетално може да се запознаете на следните линкови:

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/352574386419510/

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/351156653236560/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*