Преку еднонеделни објави ЈЛБ ,,Илинден” ќе ги оживува сведоштвата за некогашните настани во Делчево

Преку еднонеделни објави ЈЛБ ,,Илинден” ќе ги оживува сведоштвата за некогашните настани во Делчево. За таа цел како што информираше директорката на ЈЛБ „Илинден“, белешките со сеќавања на жители на Царево село, до кои дојде билиотеката и кои раскажуваат за животот во Царево Село во периодот од 1920- до 1940, еднаш неделно ќе бидат објавувани на фејсбук страницата на библиотеката.

-Сеќавањата содржат многу убави податоци и факти за развојот на градот, за развојот на школството, здравството, културата. Има многу интересни информации за тоа, кои фамилии имале воденици пократј Габровчица, кои фамилии први имале фурни за печење на сина слива, која била многу барана и на пазарите надвор од Царево Село. Кој прв донел радио, кој прв возел трактор, како забарот ги ставал клештите со кои вадел заби во оган за дезинфекција, за правата аптека и уште мнгу други информации, кои не смееме да дозволиме да се заборават, истакна Петровска.

Јавната локална библиотека „Илинден“ веќе почна да ги средува и обработува овие сеќавања, ќе бидат во електронска форма и секоја среда како што додаде директорката, ќе се споделува по едно сеќавање на фб и веб-страницата на библиотеката.

Од таа причина ЈЛБ „Илинден“ апелира до сите оние кои ја следат фб и веб страницата на ЈЛБ “Илинден“, доколку сакаат да го копираат текстот или споделат ова да го прават со нагласување дека текстот е превземен од библиотеката, затоа што ексклузивитетот за сите текстови го има ЈЛБ „Илинден“ – Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*