
И оваа година благодарение на Асоцијацијата ,,Рефрама”, како што информира делчевскиот иселеник во швајцарија Драган Стоиловски се продолжи со изучувањето на странските јазици и дополнителната настава во училиштата во Женева.
Веќе трета година и наставата по македонски јазик и култура фигурира во листата на кантоналната училишна администрација. Иако малубројни во последните две години како последица на здравствената ситуација како и административниот проблем на “нашата” држава која се уште го кочи испраќањето на наставник во ова јазично подрачје на Швајцарија, сепак и со Три ученици наставата “илегално” се изведува, вели Стоиловски.
Значењето на изучувањето на мајчиниот македонски јазик е повеќе од големо во овие тешки национално идентитетски моменти. Сепак и покрај заложбата и интересот на одредени родители за тоа важно прашање, непобитен факт е енормниот незаинтересиран однос на голем дел од Македонците во Швајцарија.
Во региони каде живеат повеќе од неколку илјадници Македонци , постоењето на само две паралелки, Веве и Женева, е навистина трагикомично и неразбирливо, велат од Рефрама.
И покрај се, апелираат да се охрабрат сите заинтересирани родители да ги потикнат и мотивираат нивните деца во изучувањето на македонскиот јазик и култура.
Leave a Reply