
По фејсбук статусот на Претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов кој вчера излезе со иницијатива за заживување на Голак и враќање на сјајот кој некогаш го имаше Детското одморалиште, 10-тина наши сограѓани кои по професија се инженери, архитекти и урбанисти пројавиле интерес активно да се вклучат во заживувањето на идејата, без финансиски надимест и во интерес на туристичкиот развој на градот.
-Сите без резерва се ставаат на располагање, без финансиски надомест да ја реализираме оваа идеја. Една од пријавените е урбанистот Софија Јанкуловска која магистираше на тема ,,Урбанизација и визија за просторниот развој на планината Голак”, истакна во телефонски разговор Попов.

Тој во вчерашниот свој статус образложи дека реконструкцијата и ревитализацијата на одморалиштето е клучна за враќање на голем број посетителите на планината Голак и повторно заживување на туризмот. Оваа реконструкција според неговите идеи треба да започне преку распишување на конкурс за избор на најдобро идејно решение и идеен проект за реконструкција, во чија изработка ке учествуваат токму заинтересираните архитекти инженери, дизајнери и уметници од градот Делчево, од кои десетина пројавиле интерес за бесплатно нивно учество во реализацијата на проектот. Целта е разработка на заеднички решенија кои ќе бидат понудени јавно и транспарентно на избор на граѓаните на Делчево.
Првиот координативен состанок кој ке го води највозрасниот инженер на собирот е закажан за месец февруари, состанок на кој ќе биде договорен понатамошен тек на активностите.

Leave a Reply