Во најава проект за одржливо управување со електронски отпад во микро-регионот Пијанец-Малеш

Во периодот од февруари 2022 до август 2023 година во Делчево ќе се спроведува проектот за одржливо управување со електронски отпад во микрорегионот Пијанец-Малеш. Од Регионалниот центар за застапување од Делчево кој е главен имплементатор на проектот информираа дека истиот ќе се реализира во соработка со Општина Делчево, здружението „Амброзија“ од Пехчево и здружението „Здравец 2002“ од Македонска Каменица. 

-Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микрорегионот Пијанец-Малеш е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и Здружението „Регионален центар за застапување“ од Делчево и е со вкупен буџет од 55.396 долари, од кои 31.000 долари се обезбедени од страна на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението „Регионален центар за застапување“ од Делчево, Општина Делчево, Здружението „Амброзија“ Пехчево и Здружението „Здравец 2002“ Македонска Каменица, истакнаа од имплементирачката организација.

Конкретна цел на проектот, како што додадоа е промовирање одржливо и совесно управување со ОЕЕО– отпад и промоција на кружната економија.
-Како дел од главните проектни активности е предвидена кампања за поправка на материјали од ОЕЕО и промоција на проектните активности, организирање и опремување простор со опрема за поправка на стара ИТ– опрема, бела техника и мобилни телефони, јакнење на капацитетите на претставници на граѓанскиот сектор, додадоа од РЦЗ Делчево.

Во рамки на проектот предвидено е  менторство и обука на шест млади заинтересирани за справување со ОЕЕО –отпад

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*