Берово: Решен децениски проблем со електричната енергија на 4 ромски семејства

Во рамките на проектот за подобрување на условите за живеење на ромските заедници кој заеднички го реализираат општините Штип и Берово, решен децениски проблем за снабдување со електрична енергија на 4 семејства од Берово. 

-Процесот за обезбедување на електрична енергија започна од месец септември, кога се поставени кабли, електрични ормани, и приклучување на струја, во куќите на домиќанставата, за да денеска целосно можат да ги користат услугите на ЕВН. Во рамките на истиот,  во процес е и приклучување на  нова водоводна линија ул. ,,23 Август” крак 2 и  водоводна мрежа за 7 домаќинства во ромската населба, како и подготовка на техничка документација  за канализација на ул.,,Прохор Пчињски”, истакнаа од Општина Берово.

Градоначалникот на општина Берово, Звпнко Пекевско заедно со Локалниот координатор на проектот, денеска ги посетија семејствата, на улицата ,,Братство Единство”, кои изразувајки благодарност за решавање на нивниот проблем, истакнаа дека истиот се провлекува долги 40 години. 

Проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, се реализира во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопje, а финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје. 

Како дел од проектот во наредниот период ќе бидат изработени ДУП и ГУП во ромското маало, а во текот на 2022 година ќе започне и реконструкција на вкупно 15 куќи на ромски семејства.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*