Второто полугодие во Делчево започна без поголемо отсуство на наставници и ученици поради Ковид-19

Успешен почеток на второто полугодие од учебната 2021/22 во делчевско. И покрај снежните врнежи и отежнатиот пристап на наставниот кадар до подрачните училишта во делчевските села, како што информираше советникот за образование при Општина Делчево, Ванчо Новоселски, наставата започна навреме во двете делчевски деветолетки и гимназијата во Делчево.

-Согласно продолжувањето на зимскиот распуст поради покачениот број на позитивни случаи на Ковид-19, денес второто полугодие од учебната година во деветолетките ,,Св.Климент Охридски” и ,,Ванчо Прке” и гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” започна навреме со почитување на протоколите за заштита од ковид-19, рече Новоселски.

На почетокот на второто полугодие како што додаде, отсуствувал дел од наставниот кадар и минимален број на ученици кои се позитивни на Ковид-18 вирусот.

-Имаме само еден ученик кој е во изолација поради контакт со позитивно лице, како и 8 наставници кои се во изолација заради истата причина, додаде Новоселски. 

За најмалите ученици денешниот прв ден од второто полугодие претставуваше вистинска радост, бидејки продолжението од учебната година го дочекаа со снежни врнежи.

-Многу се радувам што продолжи учебната година, се радувам и на снегот, но повеќе на враќањето во училишните клупи, истакна ученичка од Делчево.
Второто полугодие во Делчево започна за 1421 ученици распоредени од прво одделение до 4 година гимназија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*