
Во Македонска Каменица и Пехчево реализирани активности по повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.
Во чест на значајниот датум во М.Каменица во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса” се одржа музички настан кој се реализираше во соработка со Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Средното-општинско училиште „Миле Јаневски Џингар.
-Настанот, покрај рецитали и воведни обраќања до присутните, опфати литературно читање на творби и дела за ликот и делото на Гоце Делчев. Во рамки на пригодната програма подготвена од страна на учениците од основното и средното училиште, беше прикажан и краток документарен филм за македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев, истакна, директорот на КИЦ ,,Романса”, Гоце Стојановски.

Во Пехчево 150 годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев беше одбележан пред неговиот споменик во село Панчарево.
-Гоце Делчев еден од највлијателните херои на македонската државност и останува запаметен како визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, истакна градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој положи цвеќе пред неговиот споменил во пехчевско Панчарево
Leave a Reply