ЦУК и Општина Македонска Каменица преку Меморандум ја продлабочуваат соработката

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денес оствари работна посета на Општина Македонска Каменица, на која заедно со раководителот на Секторот за операции и координација (СОК) Горан Стојановски и Драган Балас раководител на Регионалниот центар за управување со кризи Делчево реализираше средба со градоначалникот Димче Атанасовски во функција на превентивните активности координирани од Центарот за управување со кризи со институции и работни организации, компании, во Општината, а од интерес на државата и граѓаните на М.Каменица.

Во таа насока Ангеловски и Атанасовски,  потпишаа меморандум за соработка во областа на кризниот менаџмент.

-Основна цел на Центарот за управување со кризи е да ја гарантира безбедноста на граѓаните, како што беше го промовиравме слоганот „Сејфри фрст“ – Безбедноста на прво место, овој меморандум е во таа насока, да се спречат евентуални штетни последици по здравјето и животот по луѓето и врз животната средина, но и доколку дојде и до евентуални несакани појави, последиците да бидат благовремено санирани и да бидат што помали, рече Ангелов.

За Атанасовски чест и задоволство е што М.Каменица е прва Општина која што го потпишува ваквиот Меморандум.

-Знам дека и другите истото ќе го направат. Ние и досега имаме прекрасна соработка со Центарот за управување со кризи и искрено се надеваме дека ќе продолжиме во таа насока. Ќе ни помагаат тие на нас колку што ќе можат, исто и ние ним и мислам дека ќе имам добра соработка како и до сега во позитивен правец, рече Атанасовски.

Раководителот на Секторот за операции и координации (СОК) во ЦУК Горан Стојановски додаде дека потпишување на Меморандум за соработка е планиран и со други општини, потенцирајки дека денешната активност во М.Каменица е во контекст на давањето на посебен простор во општината од Општина Македонска Каменица на ЦУК, што ќе биде во функција на современ превентивен систем за јавно тревожење со поставување современа опрема за рано предупредување стационирна во просторијата.

-Во основа ова е истурена канцеларија на Регионалниот центар за управување со кризи Делчево и е многу значајна, од апект на сето тоа што значи ризик, опасност, можност од настани и појави што можат да загрозат живот и здравје и материјални добра. Во однос на останатите општини, секако се очекува слична соработка и со други општини, рече Стојановски.

Во контекст на посетата на М.Каменица, се оствари и работна средба за соработка во областа на кризниот менаџмент со дел од раководството на Рудникот „САСА“, а потоа следуваше и работна посета на посета на противпожарната единица ТППЕ Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*