Ален Зекировски го остварува детскиот сон да предава турски јазик во Тработивиште и Црник

Интересот за изучување на турски јазик се зголемува од ден на ден во селата Црник и Тработивиште во источна Македонија. Ален Зекировски, кој пред неколку месеци дипломираше на Катедрата за турски јазик и книжевност, започна со организирани курсеви по турски јазик во овие две села меѓу градовите Пехчево и Делчево.

Зекировски за порталот yenibalkan.com изјави дека негов сон уште од детството е да учи и предава турски јазик. Зекировски има дипломирано на Катедрата за турски јазик и книжевност на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во септември 2021 година. Набргу потоа започнува да учителствува во селото Црник.

Ален Зекировски со читателите на балканскиот портал сподели дека работи со 15 деца кои сакаат да го научат мајчиниот јазик во селата Црник и Тработивиште и дека тоа е неописливо чувство.

-Среќен сум што учам турски јазик. Мојот детски сон беше да научам турски и да станам турски учител еден ден. Во регионот каде што живеам турски не се знае, немаше турско образование. По завршувањето на средното образование се запишав на отсекот за турски јазик и книжевност во Штип. Денес, среќен сум што учам турски и работам како турски учител. Учам турски јазик на мали деца и мои сонародници во регионот на Црник и Тработивиште. Повеќето од муслиманите кои живеат во овој регион сакаат да учат турски, кажа Зекировски за yenibalkan.com додавајки дека интересот за турски јазик е зголемен.

-Родителите во нашиот регион покажуваат голем интерес нивните деца да учат турски јазик. Порано немаше можност за турско образование. Сега нудиме курс по турски јазик. Сите се среќни затоа што се учи турски. Мојата цел е да им овозможам на луѓето од регионот да ги живеат нашите традиции на својот мајчин јазик, вели Зекировски.

Зекировски, во своејата изјава посочи и дека луѓето што живеат во регионот сакаат да имаат празници на својот мајчин јазик

-Мојата цел е да ги научам турскиот јазик на сите што живеат во нашиот регион и да им овозможам да се изразат на турски јазик. Покрај тоа, да им помогнеме да ги живеат нашите празници и традиции на нивниот мајчин јазик. Исто така, сакам да ги поттикнам децата да го научат својот мајчин јазик и да го шират низ целиот свет. Ги потсетувам дека тие се дел од турската култура, додава на крај од интервјуто за познатиот балкански портал.

Иницијативата е дел од активностите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) која во последните 6 години со реализирањето на околу 500 проекти во различни области во Македонија, пред сè во образованието и здравството, одигра важна улога во тоа подадената рака на пријателство на Турција да допре до македонските граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*