Младите од Делчево скицираа идеи за подобар јавен простор како дел од проектот ,,Наш Град”

Со работилница со најмладите од деветолетката „Ванчо Прке“, во Делчево продолжуваат активностите од проектот „Наш Град“, кој здружението „Кажи Кога“ во партнерство со Регионалниот центар за застапување го спроведува со поддршка на Амбасадата на САД во земјата.

Архитектот Дамјан Балкоски кој на денешната работилница со најмладите од Делчево ја имаше улогата на ментор, истакна дека целта на неговото учество во настанот е најмладите да се запознаат со поимот за јавните простори и улогата на граѓаните во донесувањето на одлуки. 

-Никогаш не е предоцна и никогаш не е прерано да се запознаат граѓаните од сите возрасти, за тоа на каков начин можат да придонесат за унапредување и ревитализација на Јавните градски простори. Токму тоа ние денеска го правиме. Ќе научиме во делот на теоријата и потоа преминуваме во делот на пракса, каде тие ќе скицираат и заеднички ќе добиеме едни идеи за подобрување на јавните простори, рече Балковски.

Извршниот директор на здужението Кажи Кога, Стојне Тодоровска истакна дека главна ,,нишка” на проектот меѓу другото е да се поттикне и самата Општина во иднина поактивно да ги вклучува младите во планирањето на игралиштата и парковите.

-Значи целта е да има што повеќе содржини за младите, за да можат тие простори да бидат не само изградени, туку и користени како игралишта и паркови, рече Тодоровска.

Со проектот се опфатени општините Скопје и Делчево, истиот започна да се реализира минатиот август и ќе трае до месец март 2022 година.

-Претходно организиравме работилница со партнерот Регионален центар за застапување, на која учествуваа граѓани на Делчево и претставници на Општината. Притоа спроведовме и една анкета за тоа колку граѓаните се задоволни и што би сакале во иднина повеќе да има и кои се просторите кои би сакале да се преуредат, додаде Тодоровска.

Одговорите од анкетата во следниот период ќе бидат доставени до Општина Делчево со препорака во иднина да има повеќе активности во кои ќе бидат вклучени самите млади како и граѓаните и граѓанските организации.

Видео: https://fb.watch/b3-Wi9YeBt/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*