Каменичките пожарникари извршија ,,проверка” на ресурсите на донацијата од Обединетото Кралство

Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денес реализираше показни вежби со возилото ,,Денис”, кое неодамна пристигна како донација од асоцијацијата Флоријан од Обединетото Кралство. Активноста како што информираше командирот Малин Трајчевски е во согласност со програмата за работа на Територијалната противпожарна единица за 2022 година. 

-Показните вежби беа изведени во кругот на пожарното и социјалната зграда. Со возилото Денис и 13,5 метарската скала  направени се успешни вежби, кои се од огромна важност за самите пожарникари, истакна командирот Малин Трајчевски.

Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, при неодамнешната посета на директорот на Центарот за управување со кризи беше посочена како успешна приказна во поглед на екипираноста на единицата во делот на справување со шумски пожари.

-Сега за сега нашиот машински парк е составен од 5 возила, 4 цистерни и едно товарно возило за непристапен терен. Се надеваме дека во иднина машинскиот парк ќе биде збогатен, додаде командирот во својата изјава за време на минатонеделната посета на директорот на ЦУК на единицата.

Целта е возниот парк на единицата во иднина да добие уште едно теренско возило, набавка која би се реализирала во соработка со институциите и градоначалникот на Општина М.Каменица. 

Изјавата на комадирот Трајчевски од тогашната средба во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*