Пехчевско Лоби: Заслужува ли Пехчево да добие сопствен музеј?!

Пехчевско Лоби е фејсбук група каде често се дебатира за значајни теми поврзани со градот Пехчево и неговото поблиско и подалечно опкружување. Една од последните дебати наметнати како разговор на оваа фејсбук група доаѓа од професор Магдалена Поповска на тема Музеј во Пехчево. Еве го нејзиниот предлог:

-Добар ден на сите! Пишам тука со намера за идеи, коментари, совети. Сметам дека во Пехчево, па и во секој град во Македонија треба да има музеј и сметам дека имаме материјал да покажеме шо сме имали и шо имаме. Сметате ли дека таа идеја е изводлива?Дајте мислење, дајте да видиме шо може сите заеднички да направиме. Сите се жалиме дека нема шо да понудиме на туристите. Гледајчи ги сликите шо ги објавува Stef Pop Tref, книгите за Пехчево и приказните на дедо Митко Веселински мисла дека можеме да направиме ногу. Да ги скоцкаме тие идеи и да почнеме. Шо мислите?, прашува Поповска.

Во коментарите под објавата можат да се прочитаат различни размислувања, а во прилог еве што меѓу другото мислат дел од Пехчевци за оваа идеја:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*