Во делчевското село Драмче продолжи традицијата на закројување лозје за ,,Св.Трифун”

Традицијата на закројување лозје по повод христијанскиот празник Св.Трифун денес продолжи во делчевското село Драмче. Кирчо Јанковски, кој од пред година ипол активно започна да се занимава со производство на вино, денес изврши закројување на сопственото лозје во  атарот на Филевско маало. Вели дека местото има одлична местоположба, голем број сончеви денови, почвата е доста погодна и очекува добри резултати кога ќе  дојде време за берба.

-Планот ми е постепено да ја зголемувам површината со лозов насад. Кроењето денес го вршиме со електрични, ние ги викаме ,,макази”, гледаме да се осовремениме во тој поглед. Тоа е и целта на денешниот празник, со закројување на лозјето да се продолжи традицијата за ,,Св.Трифун” на овие простори, рече Јанковски.

Јанковски со неговиот партнер во производството на вино, Горан Атанасов, додаде дека годинава од реколтата 2021 имаат повеќе сорти на вино на продажба.

-Оваа година имаме Шардоне, ,,Кадарка”, Вранец, значи бело и црвено вино. Како што и претходно имаме споменато имаме наша визба со повеќе специјализирани бочви, така што ова е винска понуда за жителите пред се на Пијанец и пошироко, додаде Јанковски.

Упати отворена покана до сите љубители на добрата ,,голтка” да повелат на добра дегустација и да вкусат од дименото месо кое го произведува во ,,пушницата” во близина на винаријата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*