
Објава на Дом на култура ,,Јане Сандански” Пехчево:
Денес во домот на културата,, Јане Сандански” Пехчево се празнуваа два празника во едно. Св Трифун кој го слават повозрасните со закројување на овошките, и Св Валентин ден на вљубените,кој го празнуваат младите со изразување на љубовна порака, подарување на скромен подарок.
Како велат постарите, во виното е вистината, тоа ја топли душата и срцето, а без вистина и топлина нема ни љубов. По тој повод учениците од ООУ,, Ванчо Китанов” под менторство на наставничката Јулија Велковска прочитаа по една литературна творба,а од страна на директорката на Домот, на сите учесници им беа доделени пофалници, и скромен поклон, срце, дадено од срце…
Се дружевме и со нашите вредни соработници, учениците од гимназијата
,, Ацо Русковски” кои виното го заменивме со кафе, и напишаа по една љубовна порака.

По повод Денот на љубовта и виното културен настан организираше и библиотеката Кочо Рацин. Еве за што станува збор:
Во просториите на библиотеката “Кочо Рацин” по повод Св.Трифун и Св.Валентин се одржа поетско,забавен музички перформанс во чест на виното и љубовта.
За сценариото и атмосферата се погрижи директорката на библиотеката “Кочо Рацин”. За музичкиот дел професорот по музичко м-р Драган Колески,а за поетскиот дел се погрижија средношколците- соработници на библиотеката Иван Јангелов и Елена Тодоровска.
Низ смеа,игра и со многу изненадувања и награди за публиката се одбележаа денешните празници.

Leave a Reply