Во тек преадаптација на малата спортска сала во гимназијата ,,М.М.Брицо”

Во делчевската гимназија ,,Методи Митевски – Брицо” интензивно се работи на преадаптација на старата спортска сала, која според планираното треба да прерасне во конгресна сала за потребите на училиштето, невладиниот сектор, но и Општина Делчево. 

Како што истакна директорот на училиштето, Љупчо Прачковски, старата спортска сала е во лоша состојба, не е реновирана повеќе децении и поради нејзината нефункционалност неминовна е потребата од нејзина реконструкција.

-Со оваа преадаптација на просторот, ќе донесеме сосема нов лик на салата, која ќе биде атрактивен простор за одржување настани кои бараат поширок аудиториум, како најразлични предавања, семинари, обуки, а согласно просторот што ќе се уреди и соодветниот мебел и опрема, салата ќе може да ја користат и други чинители во Општината, како и да се стави целосно за организирање настани од таков вид на Општина Делчево, истакна Прачковски.

Согласно со проектот,  во тек се градежни интервенции за комплетна промена на подот, уредување на плафонот и ѕидовите, проширување на влезната врата, како и отворање помошни врати, уредување на сцената, соодветно озвучување и осветлување и слично.

Вредноста на проектот е 3, 5 милиони денари, средства обезбедени од училиштето, а градежните работи треба да завршат за еден месец.

Видео снимено во февруари 2021

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*