Во Берово доделена паричната награда по јавниот повик ,,Фото предизвик за млади”

Во Берово доделена паричната награда за насликани фотографии по јавниот повик ,,Фото предизвик за млади”. Наградата како што информираа од Општината замина во рацете на младиот Андреј Бубевски, млад ентузијаст и професионален фотограф кој подолго време создава фотографии со мотиви од Берово.

-Андреј Бубевски е младинец од Берово, кој е добитник на наградата по јавниот повик за награди и откуп на фотографии – фото предизвик за млади, со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово. По тој повод во присуство на градоначалникот и претседателот на Совет, со авторот Бубевски потпишавме договор, со кој се регулираат меѓусебните права и обврски со важечките прописи и позитивните законски одредби и со кој на Бубевски од општинскиот Буџет ќе му бидат исплатени 20 илјади денари, истакнаа од Општината.

Целта на овој јавен повик како што додадоа е да ги мотивира младите лица од Берово да ја истакнуваат својата креативност преку  мотиви од пејсажи, активен туризам, планинарење, велосипедизам, и други активности во природа  Исто така јавниот повик опфаќаше и фотографии од културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини и туристички локалитети, како туристичка дестинација, со цел зголемување на туристичката понуда  и успешна промоција на градот.

Наградениот фотограф на младите им препорача да бидат активни чинители во општеството и секогаш да го даваат најдоброто од себе за општината и да ја истакнуваат својата креативност. 

-Благодарност до Општина Берово што ми ја додели оваа награда и што општината ги поттикнува младите да творат. Се надевам дека повикот ќе продолжи и во иднина и дека и други млади лица ќе можат да учествуваат и да бидат наградени. Воедно ги охрабрувам сите млади лица, да создаваат фотографии со мотиви од Берово, зошто само така ќе придонесеме како за градот, така и во развојот на туризмот, рече Бубевски.

Честитајки му ја наградата на младиот фотограф, градоначалникот Звонко Пекевски ги охрабри младите и во иднина да се пријавувааат на повикот, кој секоја година ќе се објавува, со цел да се изгради успешна туристичка приказна, силно зачувувајќи ги сите прекрасни мотиви со кои изобилуваат и Берово и Малешевијата.

Повикот се реализира согласно програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2021 година, каде што има определно средства за наградниот фонд „фото предизвик за млади“, за најдобро креиран промотивен материјал-фотографии за туристичка промоција на општина Берово од буџетската сметка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*