Незадоволство во ФК ,,Каменица Саса” за ,,висината” на ваучерот од Агенцијата за Млади и Спорт!

Објава на ФК ,,Каменица Саса”:

ФК КАМЕНИЦА САСА СО АПЕЛ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ

Почитувани Г-да од Агенција за Млади и Спорт,
Почитувани фудбалски љубители,

ФК Каменица Саса го осудува невидениот фудбалски преседан направен од страна на Агенцијата за Млади и Спорт при доделување на ваучерите за фудбалските клубови, конкретно во овој случај ваучерот доделен на ФК Каменица Саса кој е безмалку двапати помал од ланскиот.

Почитувани Г-да од Агенција за Млади и Спорт,

ФК Каменица Саса е еден од најдобро организираните клубови во Втора Лига, клуб кој е продолжение на брендот ФК САСА, кој во 2018 година прослави 50 години постоење. ФК Каменица Саса е стабилен второлигаш и клуб кој вложува во младинските категории. Оваа година ФК Каменица Саса доби 950 000 денари по однос на ваучер, а лани 1 500 000 денари, во ситуација во која бодувањето и исто и во ситуација кога ФК Каменица Саса на рекордно ниво го зголеми бројот на свои членови и воведе уште 2 нови младински категории.

Драги пријатели од Агенција за Млади и Спорт,

Ова ли е поддршка на фудбалот?
Ова ли е поддршка на младинскиот фудбал?
Ова ли е поддршка на спортот?

Искрено се надеваме на брзо преиспитување на одлуката за доделување на ваучер на ФК Каменица Саса од 950 000 денари и упатуваме апел за итно корегирање на истата.

Со почит,
ФК Каменица Саса

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*