Отворен ден на идеи во Центарот на Природна Перспектива во Стар Истевник

Објава на Природна Перспектива:

👉Центар за одржливи практики Природна Перспектива ве поканува на една поинаква дружба за раздвижување на енергијата во ова време на долга зимска хибернација. Воведно на овој настан сакаме да ви ја претставиме идејата за потенцијални работилници во периодот што следи;

🧩Идејата за еден ваков настан произлезе од желбата и насушната потреба да бидеме попродуктивни со нашето време и притоа да се дружиме смислено, заедно да учиме и да се надоградуваме.
Воедно сакаме да ви ги претставиме целите и работата на Центарот за одржливи практики Природна Перспектива и да отвориме простор за нови членови.

🤸‍♂️Се надеваме дека овој настан ќе биде почеток на еден ланец од настани и поттик за други луѓе да посакаат да го споделат нивното хоби, знаење или вештина. Ние ќе се обидеме да ја поддржиме секоја позитивна иницијатива, знаејќи дека преку споделувањето на вештините и знаењето со други луѓе, ние самите растеме, учиме за себе и добиваме обратна врска за да се развиваме.

👋Доколку сте заинтересирани да ни се придружите оваа недела (20.02.2022) испратете ни кратка порака за потврда на вашето присуство и за повеќе детали околу самиот настан.
Доколку доаѓате со сопствено возило и имате слободни места, напишете кратка објава во настанот за да можат да ни се придружат и оние заинтересирани кои немаат свој превоз.

📌Местата се ограничени поради самата форма на настанот.

Линк за пријавување: https://facebook.com/events/s/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE/5327842737234275/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*