
Македонска Каменица ќе добие ултра-модерен спортски комплекс. Во рамки на комплексот како што информираа од Општината предвидени се повеќе спортски терени и ново детско игралиште.
-Еден од проектите кој ќе го започнеме оваа година е изградбата на ултрамодерен спортски комплекс кој ќе вклучува терени за мал фудбал и ракомет, за одбојка, кошарка, атлетска патека и ново детско игралиште, истакнаа од Општината.
Изградбата на овој комплекс како што додадоа е во насока на локалните планови за сериозна поддршка за развој на различни видови на туризам.
-Сметаме дека на тој начин ќе се отворат нови можности за нашата општина и дополнителни алтернативи за економски просперитет, додадоа од Општината.
Оттаму најавија дека во фаза на подготовка се уште неколку значајни проекти, од кои дел ќе бидат финансирани со средства од општинскиот буџет, а со дел ќе се аплицира пред домашни и меѓународни фондови.

Leave a Reply