Литературен конкурс по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Делчево

Во Делчево распишан Литературен конкурс по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Конкурсот е во организација на делчевскиот Центар за култура, од каде упатија отворена покана до љубителите на пишаниот збор да земат учество на истиот.

-Со овој Литературен конкурс Националната установа Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров” од Делчево сака да даде свој придонес во одбележувањето на Светскиот ден на мајчиниот јазик, истакнаа од установата.

Конкурсот е распишан за поезија и проза, а темата како што додадоа е слободна. 

-Учесниците на конкурсот творбите со шифра треба да ги испратат најдоцна до 21.02.22 (понеделник) во просториите на Центарот за култура или по електронска пошта на centarzakultura@yahoo.com, додадоа од НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”.

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, активности од областа на културата подготвува и Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*