Ретроспектива на ликовни колонии во беровскиот Музеј

Во Берово отворена ликовната изложба ,,Ретроспектива на ликовни колонии – Берово 2003-2009”. Настанот е во рамки на програмските активности од областа на музејската дејност при Домот на културата ,,Димитар Беровски”.

-Изложени се 18 дела на македонски ликовни уметници, чија што инспирација и мотиви биле историјата на Берово, традиционалната староградска архитектура, манастирот ,,Св. Архангел Михаил”, беровското езеро и природните убавини на Малешевијата, истакна Звонко Скендерски, директор на беровскиот Дом на култура.

Во рамки на изложбата , како што додаде опфатени се тематики од верски и историски карактер.

-Упатувам отворена покана до љубителите на уметноста да ја погледнат изложбата и да се сетиме на дел од културното богатство кое го имаме во Берово, работено пред повеќе години. Се надевам дека и во иднина ќе организираме вакви ликовни колонии, додаде Скендерски.

Изложбата во музејот на град Берово, ќе биде поставена секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот до 23 февруари 2022 година.

Во продолжение нешто повеќе за работата на беровската културна установа:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*