Подемот и падот на ,,Југовитропан” Делчево

Објава на Крум Николовски:

“ПОДЕМОТ” И ПАДОТ НА “ЈУГОВИТРОПАН” – ДЕЛЧЕВО (1)

За помладата генерација е помалку познато дека постоеше оваа фабрика. Подемот е во наводници, бидејќи истата немаше свој подем. Како вработен ке дадам мое лично видување за краткиот век на фабриката.

,,Југовитропан” постоеше само 12 години. Свечено беше пуштена во работа на 25 Мај 1975 година. Лентата ја пресече најмоќниот функционер што го имала Македонија – Лазар Колишевски. Прв и последен директор беше Тоде Илиевски.

Фабриката произведуваше филтри на база на стаклени влакна. Имаше околу 65-70 вработени. Мене ми се познати три методи на производство на стаклени влакна :”Гослер”, “Шулер” и “Џорнинг-Овенс” – ова метода. Работевме по последната.

Основна суровина беше стаклен крш од рамно стакло. Истото се дробеше на парчиња од околу 3- 5 см пречник. Топењето беше во шамотни печки. Енергенс, на почеток пропан-бутан, а потоа електрична енергија. Стаклените влакна се извлекуваа низ решетки со 150 дупчиња по принцип на центрипетална сила и се намотуваа на “бубан” со периметар од 6 метри и “обратаи” од 150 /мин. Стаклените влакна се облагодаруваа со 5% мешавина на “урекол” и “бовинил”.

Имаше 8 печки. Процесот на производство беше непрекинат 24/7/356. Тоа беше полу производот. Потребни беа 3-4 смени, за да се добие истиот од кој потоа се добиваа од 250-300 м2 филтер.

Во погонот “предари” работеа 32 работника, дробач на стакло, 4 сменовидители и раководител. Во вториот дел “Сушара” се вршеше обликување, облагородување, сушење и намотување на филтерот во ролни. Ширината на филтер платната беше од 838 до 2100 мм, должината 10 и 20 метри а дебелината еден и два “цола”.

Во погонот “сушара” работеа 10 работника и еден раководител, кои во една смена произведуваа околу 2500 м2 филтер. Сушарата работеше само една смена 5 дена во неделата. Од одржувачи на машините во целата фабрика, имаше двајца електричари, двајца механичари и еден дреар.
Се работеше исклучиво по нормативи.

Од “неминовна” администрација имаше сосем мал број ( магацинер, шофер, кувар, курир, контролор на квалитет). Класични административци беа: директорот, финансовиот раководител, шефот на сметководство, референт за извоз и коресподент, референт за набавка книговодител и благајник. Фабриката немаше ниту чуварска служба. Бројот на вработените беше по “германски терк”:
( Продолжува)

Југовитропан (Фото: Љ.Чучуковски)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*