Младинска акција за зачувување на урбаната опрема во Берово

Во Берово реализирана младинска акција за обнова на  на урбаната опрема во паркот на Кеј на река Брегалница во Берово. Акцијата се реализираше во рамките на активностите од проектот на УСАИД кој има за цел промовирање на меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на младите.  

-Во акцијата заедно со Проектниот тим на УСАИД се вклучија ученици од деветолетките ,,Дедо Иљо Малешевски” и ,,Никола Петров Русински”, како и гимназијата ,,Ацо Русковски”. Учениците  дадоа свој придонес кон чување на урбаната опрема во градот со тоа што успешно ги бојадисаа дрвените елементи на речиси сите клупи во паркот, истакнаа од Општина Берово.

Акцијата доби поддршка од вработени во  Јавното претпријатие за комунални работи  ,,Услуга” Берово и градоначалникот Звонко Пекевски.

Со реализација на активностите како што додадоа од Општина Берово прифатен е  предизвикот интензивно да се работи на унапредување на меѓуетничката кохезија во образовниот систем, со цел создавање услови за непречено граѓанско учество на младите во средината во која учат и живеат.

-Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, организирани се  заеднички активности за МИО, преку организирани меѓуучилишни средби, на кои се споделуваат искуства, се стекнуваат нови познанства, се планираа заеднички наставни и воннаставни активности. Исто така формирана е комисија, изготвена е Стратегија и Акциски план,  а активностите се изведуваа со поддршка од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), кој е национален имплементатор на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, додадоа од Општината.

Како дел од овие активности во текот на месец мај и јуни 2021, одржани се zoom  состаноци со ученици од трите училишта на територијата на општина Берово, на кои младите истакнуваа приоритети. Во рамките на истиот проект, поставени се клупи за одмор и рекреација на повеќе локации во градот и канти за отпадоци на територијата на општина Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*