И покрај директорската функција, д-р Ѓорѓевски ќе продолжи со прегледи во делчевскиот Здравствен дом

Делчевскиот специјалист д-р Зоран Ѓорговски ќе продолжи со работа во ординацијата по Оториноларингологија и покрај неговото назначување на функцијата директор на делчевскиот здравствен дом. Како што самиот потврди, пациентите од Пијанечко-малешевскиот регион услугата ќе ја добиваат секој работен ден, согласно евиденцијата „Мој Термин“

-И покрај превземените обврски за раководење со установата кои ги имам како обврска со моето назначување за директор на почетокот на месец февруари со решение од Министерството за здравство, тоа што веројатно ќе ги интересира пациентите од подрачјето каде нашата установа дава услуги, е тоа што нашата ординација продолжува со работа. Јас сум единствен специјалист по Оториноларингологија во оваа установа, така што продолжувам со работа во ординацијата секој работен ден, рече Ѓорѓевски.

Иако во изминатиот период бројот на термини е намален, тие како што додаде новиот директор, веќе се објавени во системот Мој термин, заради што ќе се почитува објавениот тајминг за врешење на самите прегледи.

-Термините се редуцирани на тој начин што од 7 до 10 часот, јас ќе ги извршувам обврските како директор на установата, а после 10:30 часот се до крајот на работното време, ќе бидам на располагање на пациентите. Се надевам дека со овој начин на работа ќе бидат задоволени потребите не само на пациентите и од Делчево, туку и на пациентите од поширокиот регион каде нашата установа дава услуга, значи тука спаѓаат и пациентите од Берово, Пехчево и М.Каменица, додаде Ѓорѓевски.

Иако тековно како што напомена новиот директор се можни промени во овие тајминзи, неговите очекувања се за почеток оваа услуга да продолжи да се одвива без било какви проблеми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*