Во недела на Голак ќе се одбележи 78 годишнината од Февруарскиот поход

По повод одбележувањето на 78 години од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 27 февруари 2022г. (недела) во 11:00 ч пред спомен-обележјето на планината Голак.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-обележјето поставено на планината Голак, да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19.

Воедно, во рамките на одбележувањето, ќе биде организиран и традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува овој значаен датум од НОВ.

Тргнувањето за учесниците на планинарскиот марш е планирано во 07:45 часот на 27.02.2022 год од пред Спомен-домот АСНОМ во центарот на Делчево.

Маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда). Патеката е долга 20 километри (во двата правци).

За учесниците на планинарскиот марш е обезбеден ладен оброк и чај.

Пријавување за учество на планинарскиот марш кај лицето Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“,  на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*