Гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” учесник на регионалниот проект ,,Супер училишта”

СОУ Методи Митевски – Брицо е учесник на регионалниот проект Суперучилишта организиран од Регионалната канцеларија за соработка со младите (RYCO) и Германската организација за меѓународна соработка (GIZ), а кофинансирана од Европска Унија и сојузно министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).

Програмата има за цел да го подржи процесот на помирување и градење на мирот како и процесот на интеркултурниот дијалог помеѓу училиштата и учениците преку младинска размена.

За време на проектот 10 ученици и 2 наставници од училиштето ќе отидат  на размена на ученици со Техничка Школа Пирот во Србија. Првата посета се планира во месец април кога нашето училиште ќе биде домаќин на учениците и нивните наставници, втората посета ќе се реализира во Пирот.

Наставниците координатори од училиштата поминаа две обуки. Првата беше онлајн а другата  со физичко присуство,  во Приштина од 18ти до 21ви февруари. На обуките присуствуваше проф.  Желеанка Демирова која е и координатор на проектот од СОУ Методи Митевски – Брицо, заедно со проф. Билјана Ивановска. Целта на обуките е зајакнување на капацитетите и вмрежување. Учениците ќе се подготвуваат за соработката преку работилници со координаторите.

Училиштата  се почестени што се дел од ваков проект кој има за цел помирување и соработка на младите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*