Подемот и падот на Југовитропан – Делчево (5 дел)

Пишува Крум Николовски:

Кон средината на осумдесетите години на минатиот век, во Македонија се појави нов “метод” за отстранување на директори, често нарекуван “мечка во дворот”. Општинските комитети на СК со подршка на дел од вработените, неможејќи преку работничките совети почнаа смени на директори по методот застанување на капија на директорот.
Беше тоа надвор од Законот за здружен труд, но со власта ни тогаш, ни сега, нема шега.

Во Делчево прв ваков случај се случи на директорот на “Гобленка”.-Љупчо Лазаров. Вториот случај беше во “Југовитропан”. Утрото на 23.01.1985 од страна на група работници, кои според мене беа тешки неработници, му ја затворија капијата на директорот Тоде Илиевски. Тоа значеше дека директорот нема морални квалитети да биде понатаму директор. Во нашиот случај наликуваше на оној виц за кумановчанецот кој го фалел својот брат, колку голем јунак бил со зборовите ” Мојега брата, гољем јунак бијаа, на мртвага немца шамар удрија” (Се извинувам на кумановчани, не умеам добро да го зборувам нивниот дијалект). По свадба тапани, вели нашиот народ.

Да го менуваш директорот откако фабриката е во кома.,е повеќе од смешно. Ние преостанатите кадри, меѓу кои и мојата маленкост, виновникот го најдовме во секретарот на ОК на СК. Напишавме дури и писмо до ЦК дека секретарот Кирил Христов општинскиот комитет го претворил во биро за вработување. Писмото не беше анонимно, за разлика од многуте такви, туку со име и презиме и потпис.

Југовитропан; Фото: Љ.Чучуковски

Стариот лисец Тоде го пратил оној примерок на кој намерно не се потпишал. Јас имав дури два потписи, и како шеф на контрола на квалитет и како претседател на т. р. Работна заедница. Што да се каже, тогаш имав неполни 33 години. Младост-лудост. И ден денес е така, ама сега тоа се вика партиски вработувања, а тогаш партиски групашења, бидејќи беше само една партија.

Цел месец траеја убедувањата дека директорот треба да си оди во пензија( имаше над 41 година работен стаж). Конечно на 18.02.1985 работничкиот совет го разреши директорот. Мене ме назначија (иако јас не сакав) за ВД директор со мандат од 6 месеци.

( Продолжува )

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*