Орце Симов избран за Претседател на ИКТ комората при Сојузот на Стопански комори на Македонија

Проф. д-р Орце Симов е нов претседател на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Симов кој потекнува од Макрдонска Каменица по професија е електро инженер, основач на компанијата Компјунет инженеринг и редовен професор на Факултетот за Информатика на МСУ, каде и во два мандати беше декан, долгогодишен член на Управниот Одбор на Сојузот и член на Советот на иноватори при Националната асоцијација на иноватори на Македонија – НАИМ.

Симов истакна дека активностите ќе бидат насочени кон обезбедување на развој, унапредување и зголемување на ICT бизнисот во Македонија и заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор.

„ Меѓу приоритетите во делувањето е создавање на услови ИКТ компаниите да развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност наместо да се ориентираат кон outsourcing услуги. Од особено значење е и развој на ИКТ технолошка зона за македонските ИКТ компании која ќе биде на одбрана локација во урбаното градско подрачје на Скопје. Во овој високо научно технолошки информациски комплекс – ВНТИК ќе се овозможи концентрација на ИКТ компании, универзитети и истражувачки центри кои ќе работат на создавање на нови технологии и креирање на иновативни производи и услуги. Зголемување на извозот на ИКТ производи и услуги преку градење на извозни капацитети, обезбедување на информации за саеми, штандови и други форми за презентација на производите и услугите. Неопходно е и брзо прилагодување на законските регулативи на новите технологии во светот што ќе овозможи пристап и легална работа со нив уште во нивните рани фази. Потребно е и дигиталната трансформација на институциите во Македонија и дигитализацијата на услугите да се базира на домашни ИКТ компании што ќе овозможи градење на капацитети и излез и понуда на производите и услугите на странски пазари“, изјави Симов.

Тој додаде и дека е треба да има и поголема поддршка на иновациите и зголемување на бројот и разновидноста на финансиски инструменти за финансирање на start up и постоечки компании како основен услов за развој на економијата и спречување на емиграцијата на младите лица.

Исто така има и еден мандат декан на МИТ, факултет за информатика, член на УО и Претседател на фонд за иновации и технолошки развој во неговото основање.

https://www.facebook.com/1815840454/posts/10217101333204896/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*