Отворен повик за 23 позиции за асистенти за нега на стари лица во Делчево

Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата, за мерката 7.2 Обука и Вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување во партнерство со УНДП – Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 23.02.2022 се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во бесплатни обуки за:

1.Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза

2.Асистент/неговател за испорачување на услугата одмена на семејна грижа

3.Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

4.Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица

Делчево, Хуманитарно здружние за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево (вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 3 позиции за палијативен неговател за болни и изнемоштени лица
  • 6 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

6. Делчево, Црвен Крст- општинска организација Делчево (вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 14 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест


Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.

  • Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
  • Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
  • Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјек/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд;

При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во соработка со Центарот за вработување и УНДП.

Во зависнот од бројот на пријавени лица кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик, при изготвување на критериумите за селекција ќе се почитуваат и следните основни принципи:

  • Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19,
  • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот, и
  • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, селектираниот правен субјект/работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати

Заинтересираните невработени лица можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*