Во Делчево одбележана годишнината од Февруарскиот поход

На пригодна свеченост во Делчево одбележани 78 години од успешното изведување на Февруарскиот поход кој имал големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија.

Поради лошите временски услови и интензивните врнежи од снег, настанот се одвиваше пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот пред кои се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот, пратеничката во Собранието на РСМ, Соња Михаиловска, претставници од политички партии, институции, здруженија на граѓани, додека свежо цвеќе пред спомен плочата на Февруарскиот поход на планината Голак положија членови на Здружението на пензионери и планинари од Делчево.

Во рамки на настанот членови од Културно-уметничкото друштво  „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944 година и борбените операции на Третата борбена единица во регионот на Голак, Беласица, Плачковица и Осогово.

Поради лошите временски услови и заради безбедност, беше ограничен и планинарскиот марш до Долни Балван на надморска висина од 1030 метри на кој учествуваа 50-ина младинци од ПСК ,,Голак”.

Во чест на значајниот датум, на учесниците на настанот им беа доделени благодарници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*