
Со еден сребрен медал и две бронзи делчевскиот кик-боксер Павел Стојчевски имаше успешен настап на Gran-Prix Sarajevo 2022, каде викендов настапи како дел од Македонската кик-боксинг репрезентација.
Двата бронзени медали Стојчевски ги освои во дисциплината ,,лајт-контакт” (-57кг) и (-63кг), додека сребрениот медал делчевскиот кик-боксер го освои во ,,поинт-фајт” (-57кг).
На турнирот Македонската кик-боксинг рептезентација освои 10 златни 4 сребрени и 7 бронзени медали.
На турнирот настапија натпреварувачи од Босна Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Турција, Унгарија, Германија и Молдавија.
Leave a Reply