
Женскиот кошаркарски клуб ,,Патриот 2016″ од Делчево, кој се натпреварува во Првата Б лига на Македонија, со убедливи 118:11 ја совлада екипата на Мега Баскет, забележувајки ја највисоката победа во оваа конкуренција.
Тренерот на екипата Љупчо Петровски не го криеше задоволството од победата по денешниот натпревар, потенцирајки дека клубот иако настапил без три стандардни првотимки, успеал да забележи висок триумф.
-Иако игравме некомплетни совладана е младата екипа на Мега Баскет. Им честитам на моите кошаркарки за победата која е највисока од досегашните наши настапи во оваа конкуренција, рече Петеовски.
Во составот на делчевки најефикасен поединец денес беше Елена Ангеловска со 34 поени.
Денешната победа е вкупно 9 за делчевки од вкупно 11, во досегашниот дел од сезоната, со што како што додадоа од клубот, повеќе од сигурно е дека ЖКК ,,Патриот 2016″ ќе биде дел од плеј-офот за пласман во најелитното женско натпреварување во кошарка.
Leave a Reply